Модната конфекција Делта Холдинг ДООЕЛ Кочани е
формирана во 1992 година и е во приватна сопственост со
единствен основач Георгиева Бојаџиевска Валентина.
Денес Делта Холдинг брои 350 вработени во сопствен
производствен погон, со површина од 6.300 м2затворен
работен простор и 24.000 м2 отворен простор. Компанијата
произведува панталони, сукњи, трикотажни и други видови
облека. Според производите кои се произведуваат друштвото
се сврстува во полутешка конфекција за машка и женска
облека. Главниот погон е еден од најмодерните во
Македонија.
Месечниот производствен капацитет на фирмата е околу
50.000 конфекциски единици. Нашата фабрика има
9 производствени линии. Во шест од нив се произведуваат
женски панталони и здолништа, со неделен капацитет од
околу 1.200 парчиња по линија. Две линии произведуваат
женски блузи и фустани и една линија е специјализирана за
модерна трикотажа. Делта Холдинг поседува добро опремен
машински парк и имплементира многу нови технологии на
шиење, користејќи автоматски и роботизирани машини во
производството. Нашиот CAD систем е Gerber AccuMark
Professional.
На тој начин успешно го опслужува меѓународниот пазар со висококвалитетно производство.
Деталното планирање и ефикасното користење на своите капацитети и работна сила
резултира со способност за брз одговор. Делта Холдинг опслужува голем број на клиенти
на меѓународниот пазар, воглавно од Западна Европа.